| четврток, 6 декември 2018 |

Трета среќа и 60 илјади денари подарок за струмичанецот Делев

unnamed

Струмичанецот Зоран Делев е последниот среќен добитник на 60.000,00 денари, благодарение на инстант лотаријата „Подарок“, информираат од Државната лотарија на Македонија.

Делев го одбирал својот „подарок“ трипати. Со задоволство одбрал три лоза, од кои првите два му донеле помала добивка од 50 денари, а со третиот лоз „подарок“ среќата навистина го послужила, изненадувајќи го со убавата добивка од 60 илјади денари.

Тој и неговото семејство редовно играат некоја од игрите кои се дел од понудата на инстант лотариите на Државна лотарија на Македонија.

Инстант лозот „подарок“ се продава со знакот на детелинка на сите продажни места  низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top