Една група дански архитекти го осмисли новиот концепт за изградба на зоолошка градина во кој посетителите мирно ќе ги гледаат животните, а тие ќе се чувстуваат послободно.
Во последно време сѐ повеќе се проблематизираат условите во кои се чуваат животните во зоолошките градини, а многумина сметаат дека тие простори се застарени и дека е потребно да се реконструираат од темел.
Концептот кој го смислија Данците се нарекува „Зоотопија“ и во него луѓето се скриени од животните кои имаат на располагање огромен простор поделен на континентите Азија, Африка и Америка.
Посетителите на тие континенти можат да пријдат со помош на рампа, мостови и подземни тунели, а животните можат да ги видат само ако се скријат во предидените места за тоа.
Во центарот се наоѓа огромен плоштад од кој посетителите ќе може да ги гледаат животните. Животните нема да бидат во кафези како што се во зоолошките градини сега, туку слободно ќе се движат. Идејата е луѓето да се движат низ зоолошката градина со велосипеди кои ќе бидат заштитени со сфери со огледала за да не ги видат животните.
– Нашата идеја е да создадеме најслободно можно опкружување за животните, односно да создадеме простор во кој луѓето и животните ќе живеат во хармонија – пишува на страницата на компанијата која го изработи футуристичката зоолошка градина, пренесува „Дејли мејл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.