| четврток, 6 декември 2018 |

Жирафа настрадала на автопат – удрила со глава во надвозник

Giraffe-Bridge

Јужна Африка

 

Жирафа настрадала во Јужна Африка за време на транспорт по автопат откако удрила со главата во низок надвозник. Според тамошните медиуми, во отворениот камион се транспортирале две жирафи, од кои едната смртно настрадала.

Сопственикот на животните рекол дека во текот на превозот минале низ многу други надвозници и мостови но дека во овој случај животното го испружило вратот непосредно пред да поминат под надвозникот што резултирало со смрт.

– Спроведуваме истрага која може да заврши со кривична пријава против неодговорните лица – изјавил Рик Алан од организацијата за заштита на животните од суровост.

Можеби во сцената од филмот Хенговер некому му изгледа смешно, но во реалноста станува збор за вистинска суровост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top