Tранспарентниот екран на компјутерот, во кој корисниците може да ја вовлечат раката и да ја допрат дигиталната содржина е претставен на 27 февруари на TED конференцијата во Лос Анџелес. Еден од предавачите, Јинџа Ли е дел од тимот кој работи на „SpaceTop 3D“ десктоп заедно со експертите од компанијата „Microsoft“. Оваа необична 3D новост на корисниците ќе им овозможи со дигиталниот материјал да постапуваат како со материјалот кој нè опкружува во реалниот свет.
Станува збор за транспарентен LED дисплеј со вградени камери кои ги следи движењата на корисниците, со дополнително следење на неговите очи. Целиот проект е инспириран со она што му е потребно на човекот за да стапи во одредена интеракција со работите.
„Просторната меморија, врз чија основа телото интуитивно помни каде и во каква состојба работите се наоѓаат, е човечка особина“, тврди Ли. Кога тоа ќе се префрли во дигиталниот свет луѓето ќе можат да користат компјутери за многу посложени цели. „Ако работите на некој документ, можете да го земете во рака, да го свртите и да го листате како книга“, објаснува Ли, кој дипломирал на престижниот MIT.
За попрецизни работи постои и тачпадот, па така оваа новост ќе им биде од голема корист на архитектите бидејќи поуспешно ќе може да работат на своите 3D модели.
„Разликата помеѓу она што еден дизајнер мисли и што неговиот компјутер може да направи е огромна. Но, ако го земете во раце вашиот дигитален материјал, појасно ќе можете да ги изразите вашите идеи“, заклучува Ли.
Целиот систем би можел да се најди во широка употреба за десеттина години, но постојат и многу луѓе кои се сомневаат во вистинскиот успех на проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.