Ако некогаш сте се соочиле со „хакнување“ на некој ваш мејл или Фејсбук профил, знаете колкава главоболка претставува нивното враќање. Затоа треба да знаете која лозинка да ја одберете затоа што таа е најважна во овој случај.
Google неодамна спроведе анкета врз 2.000 корисници за да открие кои се најчестите лозинки кои ги користат, односно од каде се инспирираат за да ја обликуваат лозинката. Резултатот вели дека луѓето одбираат лозинки кои останатите можат да ги најдат на интернет, затоа што со сигурност сте ги оставиле таму (датуми, имиња). Речиси половина од испитаниците изјавиле дека ја имаат споделено својата лозинка со некој (не треба да спомнуваме дека тоа е погрешно), што е загрижувачко затоа што на овој начин луѓето го олеснуваат патот до пробивањето на нивните профили и мејлови.
Еве како изгледа листата на најчести лозинки кои се користат:
1. Името на домашниот миленик
2. Важни датуми (како годишнина од брак)
3. Роденденот на некој од семејството
4. Името на своето дете
5. Името на некој друг член од семејството
6. Местото на раѓање
7. Омилениот празник
8. Информација поврзана со омилениот спортски тим
9. Името на партнерот
10. Зборот „password“
Извор:кајгана.ком
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.