Зависноста од видео-игри и компјутери која ја има едно младо момче од Чачак, Србија, ги натерала неговите родители да дадат необичен оглас на локалниот портал.
– Попушти на училиште, стана хистеричен и вешт манипулатор. Само компјутерот му е важен – велат мајката и таткото на момчето и бараат некого кај кого може да го испратат да бере овошје или да им помага на постарите – пишуваат весниците во Србија.
Детето расте во имотно семејство, но неговите родители се немоќни да се изборат со неговата зависност.
– -Нашиот син потполно се промени. Сопругот и јас го месеци со сите средства се обидуваме да го вразумиме. Стана отсутен, незаинтересиран, површен и неодговорен. Играјќи игри, децата на интернет направиле кланови. Оној момент кога ќе го повикаат, за него веќе ништо друго не е важно – вели мајката.
Во огласот е наведено дека детето има 13 години, крупно е и способно, може да бере овошје и да им помага на старите лица или да биде помошник-работник во некоја работилница.
– Оваа година помина едвај многу добар на училиште. Бевме кај училишниот психолог, педагог, дури и во Домот за здравје кај клинички психолог. Сите ни велат дека нашиот син е воспитано дете, натпросечно интелигентен и дека не гледаат никаков проблем. Меѓутоа, по се она што се обидовме да направиме за да го одвоиме од виртуелниот свет, заклучивме дека е многу вешт манипултар. Почна да тренира разни спортови, но тој размислува само за игрите – велат родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.