| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на ФБИ откри како да ја заштитите приватноста на компјутерот!

Одговарајќи на бројни прашања за енкрипција и за приватноста за време на гостувањето на Универзитетот Кенион во Охајо, директорот на американското Федерално биро, Џејмс Коми, истакнал дека апсолутната приватност го ограничува спроведувањето на законите.
dzejms-komi-fbi-poseta-foto-reuters-1425160726-621174

Меѓутоа, Коми најмногу прашина кренал со изјавата дека својата лична приватност на интернет ја штити со поставување на лепливи ленти преку камерата на својот преносен компјутер.

„Таа работа еден ден ја видов во вестите и се одлучив да ја применам. Видов дека некој многу попаметен од мене поставува леплива лента преку камерата“, изјавил Коми.

Тој истакнал дека не е неразумно да се грижите поради веб-камерата бидејќи многу сопственици на преносен компјутер не се свесни дека некој оддалеку, без нивно знаење, може да ја активира камерата и на тој начин да ги набљудува или да ги прислушува.

И самото ФБИ во минатото преку малавер влегувал преку туѓи камери за да шпионира сомнителни лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top