Единствениот македонски претставник во квалификациите за европските купови, Металург, ќе има тешка задача против кипарскиот тим Омонија во третото коло за пласман во Лигата на Европа.
Омонија досега никогаш не испаднала од македонска екипа, а во претходните изданија беше подобра од Слога југомагнат, Милано и од Ренова. Првиот меч се игра денеска од 18 часот на ГСП арена во Никозија.
– Очекувам добар натпревар, без притисок за нас. Омонија ја има улогата на фаворит, а наша желба е да постигнеме гол-два на Кипар за да ни биде полесно на реваншот во Скопје – вели Миле Крстев, јунакот на Металург од претходниот двомеч со Железничар,
Тој постигна гол во вистинско време во Сараево, во 90. минута, за елиминација на Железничар и најголем успех на Металург со пласман во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Реваншот со Омонија ќе се игра за 7 дена на „Филип Втори“ во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


