Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер и неговата сопруга Мирка ќе мора да ги отстранат куќичката и тобоганот кои ги инсталирале за своите четири деца во дворот на викендицата во источниот швајцарски кантон Граубинден.
Всушност, соседите на седумкратниот победник на Вимблдон се жалеле до комуналните власти дека овие детски реквизити им го затскриваат видикот на околината на планината.
Адвокатот кој ја поднел жалбата изјавил дека неговите клиенти немаат ништо против куќичката, висока три метри и тобоганот, но бара тие да се поместат од зоната на забрана на градба.
Соседите на Федерер, исто така, се противат на два метри високата жичана ограда, со која е ограден имотот на тенискиот шампион, како и дрвјата со висок раст во делот на дворот каде што е забранета градба.
Федерер плацот од 8.000 метри квадратни го купил во 2008 година. Куќата која се наоѓала на него е срушена, а тенисер наместо неа изградил две вили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



