| четврток, 6 декември 2018 |

Тенискиот свет во шок: Сопругата на Федерер една тајна долго криела од сите

Мирка Федерер, сопругата на Роџер Федерер, е повеќе од обична жена на спортист.

Според податоците на Гугл, минатата година таа била една од најпознатите луѓе во Швајцарија.

Оригиналното име на Мирка е Мирослава Вавринец. Родена е во Словачка во 1978 година, а кога имала две години нејзините родители емигрирале во Швајцарија. На наговор на Мартина Навратилова почнала да се занимава со тенис, но никогаш не остварила значајни резултати.

Мирка го запознала Роџер на Олимписките игри во Сиднеј во 2000 година. Набрзо после тоа почнале да се забавуваат, но Мирка долго време криела голема тајна. Во моментот кога го запознала Роџер била свршена со пребогат арапски султан. Дури подоцна нејзиниот иден сопруг ја дознал оваа информација.

Мирка и Роџер се венчаа во април 2009 година на приватна церемонија во Базел. Имаат два пара близнаци, ќерките Мила и Шарлин и синовите Лео и Лени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top