Тензиите на пријателскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и Рома во САД во склоп на интернационалниот куп на шампиони започнаа пред првиот свиреж на судијата.
Малискиот играч во редовите на Рома Сејду Кејта кој ова лето ги засили редовите на „римската волчица“ одби да се поздрави во Пепе пред почетокот на натпреварот.
Ова не беше единствениот инцидент кој го предизвика африканскиот фудбалер. На крајот од натпреварот Кејта повторно проба да го испровоцира Пепе фрлајќи со шише вода по него.
Соиграчите на Пепе од Реал, Чаби Алонсо, Икер Касилјас и Фабио Контреао тргнаа во расправија со противничкиот играч, но по само неколку секунди ситуацијата се смири.
Позадината на овој инцидент е од 2011 година кога Кејта играше за Барселона. Во еден меѓусебен натпревар Кејта бил навредуван од страна на пргавиот Пепе кој во текот на едно „ел класико“ го навредувал Кејта на расистичка основа нарекувајќи го мајмун.
Расистичките испади на Пепе останале неказнети, но очигледно Кејта не ги заборавил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)



