| четврток, 6 декември 2018 |

И испратил на жена си романтична порака, а потоа врз него и ќерка му паднал авион

Само неколку часа откако на Фејсбук поставил љубовна порака на сопругата по повод деветтата годишнина од бракот, американскиот наредник Оми Иризари трагично настрадал, бидејќи на плажа на Флорида врз него се срушил мал приватен авион кој бил принуден непланирано да слета.

Во несреќата која го однесе животот на таткото на лице место, од здобиените повреди, ден подоцна починала и неговата 9 годишна ќерка.

ири

Иризари инаку бил стациониран во Грузија, а на Флорида се одмарал со своето семејство, на плажата Касперсен Бич, во близина на Сарасота.

Судирот сепак сакал баш таму принудно да слета пилотот на малиот авион „пајпер чироки“, кој имал технички проблем. Официјалните лица биле за тоа известени, но за Иризари било предоцна. Останал мртов на лице место, додека неговата деветгодишна ќерка ден подоцна подлегнала на повредите во болница. Пилотот на авионот и патникот го преживеале падот.

Статусот кој Иризари го поставил неколку часа пред несреќата изгледа вака:

ири 2

„Пред девет години на денешен ден, го врзав животот за преубава жена, Ребека Иризари. Вау, како времето брзо пролета. Велат дека времето лета кога добро се забавуваш, и тоа е вистина. Ти благодарам што беше со мене и во добро и во зло. Те сакам со сето срце, моја Рома. Многу сум среќен и едвај чекам да видам што носат следните 100 години. Те сакам Беки“, напишал несреќниот Иризари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top