Смртоносниот вирус ебола со енормна брзина се шири низ западна Африка, а бројката на починати рапидно се зголемува. И покрај очајните обиди на здравствените власти да ги изолираат заразените, тоа засега не им оди од рака. Само во Либерија, каде што се наоѓа жариштето на вирусот, има повеќе од 1000 заразени, но повеќе случаи се пријавени и во Сиера Леоне и во Гвинеја. Од февруари досега починале над 670 лица, а меѓу нив се и неколку доктори кои се заразиле при напорите да им помогнат на несреќните луѓе.
САД соопштија дека со ебола се заразил еден американски доктор кој работел во болница во Монровија, како и една американска хуманитарка која се заразила на истото место. Оваа вест предизвика дополнителна паника бидејќи се работи за медицински лица кои работеле во релативно добри и заштитени услови, што, пак, покажува дека вирусот навистина зел голем замав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Од Фондот за справување со еболата во Африка исчезнале шест милиони долари
-
Во ноќен клуб налетала на странец, а сега се омажи за него и стана принцеза
-
Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка