Поранешниот капитен на женската македонска ракометна репрезентација, Гордана Нацева се разведува со нејзиниот сопруг Зоран Бошев. Според, дневниот весник „Вест“ спортистката повеќе не е во добри односи со својот сопруг, кој работи како адвокат.
Гордана и Зоран се во брак неполни 6 години. И двајцата потекнуваат од Свети Николе и пред да влезат во врска, биле другари уште од деца. Во 2008-та ја добиваат и ќерќичката Миа.
Од минатата година, Гордана повторно му се врати на ракометот, овој пат како претседател на ЖРК Вардар СЦБТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


