| четврток, 6 декември 2018 |

Кери: Примирјето да води до разоружување на Хамас

keri

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска изјави дека меѓународните напори да се постигне примирје меѓу Израел и Палестинците во Газа мора да водат до разоружување на Хамас.

– Продолжувам да работам на воспоставување на безусловен хуманитарен прекин на огнот, посочи Кери.

Тој наведе дека треба да се изнајде трајно решение за кризата во Појасот Газа, а „суштинскиот начин мора да води до разоружуваање на Хамас и другите терористички групи“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top