| четврток, 6 декември 2018 |

Кери и Лавров преговараат за Сирија, договорот и понатаму е возможен

Државниот секретар Џон Кери и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги продолжија денеска преговорите за планот за примирје во Сирија, а американските претставници тврдат дека договорот и понатаму е возможен, но предупредуваат дека преговорите не можат да траат бесконечно.

Според американските претставници, денеска се помали шансите за конечно решение, иако наведоа дека во последините недели се забележува „постојан напредок“.

Еден од претставниците тврди дека станува збор за прашања кои се многу „технички и комплицирани“.

САД и Русија поддржуваат спротивни страни во граѓанската војна во Сирија која треае пет ипол години, и за која, се уште не постојат многу знаци дека ќе биде завршена, коментираат западните медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top