| четврток, 6 декември 2018 |

Кери до Чавушоглу: Лажни се инсинуациите за американска вмешаност; нудиме помош во истрагата по обидот за преврат

kerry cavusoglu

Американскиот држѓавен секретар Џон Кери вчеравечер во телефонски разговор му рекол на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу дека „јавните инсинуации или тврдења за било каква американска улога во пропаднатиот обид за преврат (во Турција) се целосно лажни и штетни за билатералните односи меѓу двете земји“, соопшти Стејт Департментот.

Чавушоглу му ги пренел на Кери најновите податици за случувањата во Турција нагласувајќи дека турската влада ги контролира сите сите државни институции, заблагодарувајќи се на САД за поддршката.

Кери повторил дека Вашингтон ја поддржува демократски избраната влада, но повикал на „сите неопходни мерки на претпазливост за да се заштитат животите на цивилите и имотот за време на одговорот на овој обид за преврат“.

Според соопштението, Кери јасно ставил на знаење дека САД се подготвени да и „помогнат на турските власти во спроведувањето истрага“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top