| четврток, 6 декември 2018 |

САД ем жалат, ем не се извинуваат за атомските бомби во Хирошима и Нагасаки

Американскиот државен секретар, Џон Кери бил тажен, но немал намера да се извини во име на САД за фрлањето на атомските бомби на Хирошима и Нагасаки за време на Втората светска војна.

075073

Џон Кери, кој денес ќе го посети меморијалниот центар за мир во Хирошима, нема да се извини во името на Соединетите Американски Држави за атомската бомба фрлена на тој град во 1945 година, открил синоќа неименуван висок американски функционер од Стејт Департментот.

„Ако ме прашувате дали државниот секретар ја посетува Хирошима за да се извини, одговорот е не“, одговорил неименуваниот функционер на прашањето на неколкуте новинари.
3830036

Но, доколку ме прашате дали државниот секретар, исто како и сите Американци и Јапонци е тажен поради трагедијата која што ја доживеале огромен број луѓе, одговорот е да“, додал тој.

Џон Кери пристигнал во Јапонија во саботата во рамките на средбата со седумте индустриски најразвиени земји (Г7) – средба посветена на тероризмот, нуклеарното вооружување и поморската безбедност.

На шести август 1945 година, американскиот бомбардер „Енола гај“ ја фрли атомската бомба врз Хирошима која директно, како и од последица на зрачењето, уби 140 илјади Јапонци, а за тој чин САД никогаш не им се извини на Јапонците. Три дена по фрлањето на првата бомба, истата судбина го снајде и градот Нагасаки каде што беа убиени преку 70 илјади луѓе.

Нападите на овие два јапонски града го забрзаа процесот на капитулацијата на Јапонија со што заврши Втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top