| четврток, 6 декември 2018 |

Мукаетов за „Balkan-Handball“: Наша мисија е да го развиеме ракометот на сите нивоа

mukaetov2-615x400

 

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во интервју за порталот „Balkan-Handball“ потврди дека целта нашата репрезентација на Светското првенство во Катар е четвртфинале, кое носи олимписки квалификации, а како што изјави, долгорочно гледано РФМ се стреми да го развие ракометот во државата на сите нивоа.

– Почнувајќи од СП 2009 во Хрватска, каде машката репрезентација направи добар резултат, ракометот во нашата земја оди во нагорна линија. Се надевам дека за пет години ќе достигнеме едно ниво како скандинавското. Таа обврска си ја зададовме, а јавноста тоа го очекува и заслужува. Не е воопшто лесно, но веруваме во исполнување на нашата мисија да го развиеме ракометот на сите нивоа и да оствариме што подобри резултати, истакнува Мукаетов во интервјуто.

Специјализираниот портал за ракомет анализирајќи ја состојбата на овој спорт во Македонија објавува дека пред доаѓањето на актуелното раководство работата на Федерацијата повеќе наликуваше на инерција на клупските резултати на меѓународната сцена.

– Таа ситуација на „врели костени“ во менаџментот на македонската Федерација, кои водечките клубови си ги подаваа меѓу себе, не знаејќи што да прават со нив, беше прекината со доаѓањето на Живко Мукаетов на позицијата претседател на РФМ, пишува „Balkan-Handball“.

На прашањето околу огромната ракометна треска која ја тресе Македонија периодов, а која тешко би можела да се спореди со интересот за кој било спорт во рамки на Европа, како и околу крајната цел на ваквата солидна стратегија, Мукаетов потенцира дека ракометот без дилема е спорт број 1 во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top