
Вечерва делови од Македонија ќе бидат зафатени од новиот циклон, „Лука“ кој синоќа ја погоди и Хрватска. Според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија ќе паѓа дожд и град со засилен ветер пред сѐ во северните и северозападните делови на Македонија.
Од Управата велат дека стабилно време очекуваат во вторник. Невреме се очекува од среда.
Пред само неколку дена земјава беше под влијание на циклонот „Клара“. Како и во другите земји низ кои помина, направи штети во повеќе градови низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


