| четврток, 6 декември 2018 |

Пустоши се пред себе: Циклонот „Зорбас“ ја нападна Грција

Силен ветер и обилни врнежи од дожд носи медитеранскиот циклон кој во Грција го доби името „Зорбас“ и зафати големи делови од земјата.

Од Јонското море се движи кон полуостровот Пелопонез, а според прогнозите ќе продолжи кон островот Крит, континентална Грција и областа Атика.

Според грчката метеоролошка служба се очекува ветерот да достигне и до 10 Бофор, а во јужниот дел на Јонското море да предизвика бранови од седум до осум метри.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот државен механизам е на готовност, а доцна синоќа беше свикан состанок на координативното тело за цивилна заштита во присуство на надлежната министерка Олга Геровасили и со учество на генерални секретари на неколку министерства, на поретставници на грчкиот генералштаб, на грчката полиција, противпожарната и крајбрежната служба.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција, утрово рече дека тие ја следат ситуацијата со невремето и ќе има коинтиниуирано известување, а паралелно ги повтори мерките до граѓаните за заштита од невремето и силниот ветер.

Водениот сообраќај во Грција се одвива со проблеми со оглед на тоа дека на атинските пристаништа има забрана за пловидба за голем број на бродови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top