Припадници на нигериската исламиситчка група Боко Харам киднапираа неколку лица во северен Камерун, меѓу кои е и сопругата на камерунскиот вицепремиер Амаду Али.
Како што соопшти претставникот на камерунската армија, полковник Феликс Нџи Формекон, членовите на Боко Харам ја преминале нигериско-камерунската граница и го нападнале пограничниот град Колофата во северен Камерун.
– Луѓето на Боко Харам се уште се во градот и водат борби со нашите војници – изјави Формекон.
Тој соопшти дека сопругата на вицепремиерот Али била киднапирана од нивиниот дом заедно со домашните помошнички. При нападот, телохранителите успеле да го извлечат вицепремиерот Али од домот и да го пренесат во соседниот град Мора.
Формекон истакна дека при судирите во Колофата сигурно има и загинати и ранети, но дека засега нема податоци за конкретни бројки на жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



