
Кочанчанец заврши на лекување во Клиничкиот центар во Скопје поради изгореници кои ги здобил заварувајќи со оксигенски апарат.
Инцидентот се случил во гаража на улицата „Марко Цепенков“ во Кочани. С.С.(30) вршел заварување со оксигенски апарат на заден дел на возило, при што се појавил голем пламен од кој С.С. бил зафатен, информира МВР.
Повредениот бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Кочани, а по укажаната лекарска помош е препратен во Клинички центар- Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


