| четврток, 6 декември 2018 |

Втор пораз на младинците во Австрија, Франција – Македонија 25-22

Македонските ракометари до 20 години го забележаа и вториот пораз на Европското првенство во Австрија, а по Шпанија и Франција не победи во меч од А групата.

Триколорите славеа со 25-22 и повторно клуч на неуспехот за избраниците на Зоран Петковски беше послабата игра во првото полувреме. На одмор и паузата меѓу двете полувремиња Македонија имаше негатива од 5 гола, 8-13 со што се наѕираше вториот пораз. Вчера Шпанија не декласира уште по првите 30 минути со резултат 20-7, а и овојпат слична беше ракометната приказна против Франција.

Во второто полувреме одигравме подобро, но веќе беше доцна за пресврт, па по 2 кола сме на прагот на елиминација.

Задутре Македонија ќе го игра последниот меч во фазата по групи, против Норвешка од 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top