
фото: Ѓорги Личовски (Република)
В сабота, 26 јули, (18 часот) во ресторанот „Рибар“ ќе биде отворена групна изложба на фотографии со мотиви од охридското село Трпејца во која учествуваат фоторепортери од македонските медиуми.

фото: Роберт Атанасовски, мкд.мк
Ќе бидат изложени фотографии на Ѓорги Личовски, Наке Батев, Маја Златевска, Борис Грдановски, Огнен Теофиловски и Роберт Атанасовски – фотографи со долгогодишно искуство во македонските и странските мадиуми.

фото: Огнен Теофиловски, „Вест“
Како интимен поглед во фоторепортерскиот живот, што ги носи во Охрид почесто на работни задачи отколку туризам, ќе биде понудена сликата за езерото и Трпејца, кои ја нудат заслужената пауза.

фото: Маја Златевска „Дневник“
Поставката ќе може да се посети до крајот на летната сезона.

фото: Борис Грдановски, „Вест“

фото: Наке Батев, „Вечер“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


