| четврток, 6 декември 2018 |

Чех: Немам намера да ја греам клупата

Чешкиот голман во редовите на Челси Петр Чех изјавува дека нема намера да ја грее клупата во следната сезона.
Од самото доаѓање во клубот од Лондон во 2004 година чешкиот репрезентативен голман имаше загарантирано место во првите 11 играчи на секој натпревар.
Но, местото во првиот состав оваа сезона му е сериозно загрозено по враќањето на Белгиецот Тибо Куртоа од позајамицата од Атлетико Мадрид каде помина три успешни сезони.
Менаџерот на екипата Жозе Мурињо најави дека нема шанси да продаде еден од двајцата фантастични голмани без оглед на незадоволството кое може да се јави кај голманот кој кој ќе биде во втор план.

– Не сакам да бидам во втор план и да бидам резерва, затоа напорно и максимално се трудам на тренинзите како би го задржал своето место во составот. Ќе видиме што ќе се случи. Одлуката останува само кај тренерот Жозе Мурињо. Секогаш го давам максимумот и само тоа знам да го правам. Сите се трудиме да се наметнеме и се надевам дека ќе ме избере мене за прв голман – изјави 32-годишниот голман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top