| четврток, 6 декември 2018 |

Диета со лубеница

lubenica
Нема ништо подобро од кришка сочна лубеница која одлично освежува на високите температури! Но, дали знаете дека лубеницата освен тоа што е премногу вкусна и сочна, е и неверојатно добра за нашето општо здравје и целокупниот организам?

Диетата која се базира на лубеница и не е некоја конкретна диета која треба да ја примените. Фактот дека дури 92 отсто од лубеницата ја сочинува вода, таа и тоа како може да го ублажи вашиот апетит, да го ослободи телото од токсините и да ја подобри работата на дигестивниот тракт со што ќе ви помогне и да слабеете. Лубеницата содржи многу малку белковини и 10 отсто овошен шеќер. Од витамини содржи каротини, витамини од групата Б и витамин Ц. Од минерали содржи калиум, магнезиум, фосфор, калциум, цинк, железо и бакар. Таа е одличен извор и на бета каротин и ликопен. Инаку, во 100 грама лубеница има само 30 калории!

Поради големата содржина на вода, лубеницата одлично ја гаси жедта. Во исхраната се користи свежа, во овошни салати или за правење на слатко. Поволно делува на работата на органите за варење и го потпомага излачувањето на течностите и отровите од организмот.

Ефикасноста на лубеницата се состои во тоа што во огранизмот внесувате многу вода, а притоа џвакате и голтате. Тоа ви дава чувство дека сте внеле повеќе калории отколку што мислите. Нејзиниот природен шеќер ќе ја скроти вашата желба за слатки и благо, додека влакната кои се наоѓаат во лубеницата ќе направат да се чувствувате сити и подолг временски период, па така се намалува и ризикот од прејадување.
1. Газираните пијалаци и вештачките засладувачи заменете ги со лубеница и вода. Исечете парчиња лубеница (половина чаша) и замрзнете ги. Ставете вода во стаклена чаша и ставете ги во водата замрзнатите парчиња кои ќе ви послужат како коцки мраз. Овие парчиња може и да ги грицкате додека ја пиете водата. Инаку, ако чаша сок од цедени портокали содржи 110 калории, а една чаша сок од јаболко 120 калории, овој пијалок има помалку од 50 калории.2. Јадете помали порции за време на оброците. Ова е сигурен начин да се намалат калориите и да се ослободите од вишокот на килограми, а лубеницата е ваш верен сојузник во тој чекор. Јадете ја лубеницата во комбинација со малите порции на храна. На тој начин мозокот ќе помисли дека консумирате исто количество на храна како и претходно. Всушност, вие на ваков начин навистина ќе го изедете истото количество на храна како и претходно, но високо калоричните намирници во овој случај се заменети со ниско калоричната лубеница. На овој начин можете драстично да го намалите вносот на калории и најважно од се’ е дека нема да чувствувате глад.

3. Јадете лубеница за десерт. Таа содржи витамини и минерали кои се одлични за вашето здравје. Покрај хранливоста, лубеницата е навистина вкусен и освежителен оброк. Изедете две кришки лубеница наместо висококалорично парче торта или колач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top