| четврток, 6 декември 2018 |

Новак изнајми двојник за да снима документарен филм

Не е Новак Ѓоковиќ, но ист е како него. Ноле деновиве престојува во Белград поради снимањето на документарниот филм за неговиот живот, но, како што објавија српските медиуми, најдобриот светски тенисер изнајмил двојник за одредени сцени. Ненад Чокован, кој инаку е „пресликан“ Ѓоковиќ, одработил на Дорчол низа сцени за потреби на снимањето. Дал сè од себе пред многубројните камери да го долови Новак колку што може пооригинално, а дека не му било лесно потврдува и фактот што во еден момент му се слошило и се пожалил на членовите на тимот.

1331794-novak-bezanija-09-ras-foto-aleksandar-dimitrijevic

-Луѓе, не е лесно да се биде Новак, но се трудам! – кусо прозборел Чокован. Двојникот на Новак ни дождот не го поколебал, иако останатиот дел од екипата набавиле чадори и цело време трчкале околу него исто како да се работи за вистинскиот Ѓоковиќ.

1331758-novakov-dubler-i-snimanje-230714-ras-foto-nebojsa-markovic-25

Инаку, вистинскиот Ѓоковиќ пред неколку дена со својата сопруга Јелена допатува во Белград поради снимањето на овој документарен филм за неговиот живот, кој го спонзорира австралиска винарија. Во текот на денот Новак со целата екипа го посети основното училиште во кое го завршил основното боразование, и населбата во која живеел, теренот на кој ги направил првите тениски чекори, како и многу други места во Белград за кои го врзуваат убави спомени, а на некои локации го заменувал двојник.

1331780-novakov-dubler-i-snimanje-230714-ras-foto-nebojsa-markovic-13

Тенисерот инсистирал се да биде изработено на врвно ниво, а инсистирал по секое снимање да го погледне материјалот и ако е потребно да сугерира да се смени нешто или да се дополни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top