Авионот на „Ер Алжери“ кој вчера се урна со најмалку 116 патници и членови на екипажот, е лоциран во реонот Госи во Северно Мали, во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти Елисејската палата
– Авионот е јасно идентификуван и покрај тоа што се распаднал. На местото на несреќата се испратени француски војници кои се задолжени за безбедноста и за собирање на првични информации, се посочува во соопштението.
Францускиот претседател Франсоа Оланд изрази сочувство до семејствата на загинатите.
Во авионот имало лица од 16 држави, вклучително и 51 Французин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.