| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Јариќ и Адријана Лима повторно се заедно?

marko i adriana

Српскиот кошаркар со својата сопруга дошле во Црна Гора без деца, но со нив биле неколку луѓе од обезбедувањето. Стигнале со приватен авион и барале никому да не кажуваат дека се сместени во Црна Гора. Еден дел од хотелот бил резервиран само за нив и никој, освен послугата, не може да влезе.

– Не излегуваа, не шетаа по Црна Гора и очигледно е дека ова патување го искористија за да донесат некои одлуки и да го сочуваат бракот – вели доброинформиран извор.

Тие отседнале во Тиват само два дена, а потоа заминале за Мајами. Наводно, двојката се смирила по завршување на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Јариќ и Лима во мај соопштија дека се разведуваат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top