| четврток, 6 декември 2018 |

Ешли Кол е гладен за трофеи, сака да го освои скудетото

Фудбалерот на Рома, англискиот репрезентативец Ешли Кол кој почетокот на јули премина од Челси во римскиот клуб како слободен играч, изјави дека потпиша за клубот од главниот град за да освојува трофеи.
Како тој изјавува гладот за трофеи бил пресуден во изборот на новата средина и одлучил да дојде во Италија.

– Имав понуда од САД, но сѐ уште не сум подготвен за отпуштање на плажа. Освоив многу титули во својата кариера, но не сакам тоа да престане. Имам 33 години и сѐ уште имам желба да победувам затоа дојдов во Рим. Не поднесувам да губам – изјави Ешли Кол за американската телевизија „И-Ес-Пи-Ен“.

Тој продолжи со податокот дека Рома има тим што може да го освои скудетото.

– Дојдов во тим кој има високи амбиции. Сакам да ја одиграм својата улога во освојувањето на првенството на Италија – додаде Кол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top