| четврток, 6 декември 2018 |

Калиопи го промовираше новиот албум

Македонската музичка икона Калиопи официјално го претстави своето најново остварување. Албумот „Мелем“ на кој се поместени хитовите „Мелем“, „Мрвица“, „Вучица“ кои веќе можевме да ги чуеме и досега во македонскиот етер, овојпат беа претставени и со видеозапис.

На промоцијата во клуб ресторанот „МКЦ“ присуствуваа бројни македонски ѕвезди од естрадата, но и претставници од културниот и политичкиот живот во земјава, како и претставници на политичкиот кор. Меѓу присутните беа Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, Љупчо Георгиевски со сопругата Снежана, Трифун Костовски, од колегите дојдоа Гарабет тавитјан, Дарио, Александар Белов, Елена Петревска, Зуица Лазова…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top