Македонските јуниори на возраст до 20 години имаа лош старт на Европското првенство во Австрија и загубија катастрофално од Шпанија со 22-33.
Шпанците се актуелни европски прваци и на терен против Македонија покажаа зошто се број 1 во Европа во конкуренција на ракометни таленти до 20 години. „Црвената фурија“ од почетокот на мечот тргна моќно и по дваесетина минути имаше предност од 19-5.
Дуелот беше решен по само една третина од играта, а македонските јуниори заминаа на пауза по 30 минути со негатива од 13 погодоци, 7-20.
Во второто полувреме попушти притисокот на бранителот на титулата, а македонските таленти дури и го добија овој дел од мечот со 15-13 за конечен пораз со двоцифрема разлика, 22-33.
Следен натпревар на избраниците на Зоран Петковски за поправање на впечатокот ќе бидде судирот со Франција, утре од 14 часот. Во А групата со Македонија, Шпанија и Франција е уште и Норвешка, а двете првопласирани репрезентации ќе играат во четврт-финалето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


