| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдено – патнички авион се урна во Нигер, преживеани нема

A Swiftair MD-83 airplane is seen in this undated photo

Патнички авион со 110 патници и шест члена на екипажот се урна денеска во Нигер, за време на лет од престолнината на Буркина Фасо, Уагадугу, кон алжирскиот главен град Алжир, јави агенцијата ДПА.

Се претпоставува дека падот на авионот не го преживеал ниту еден од 116-те патници или членови на екипажот.

Авионот „мекдонел даглас МД-80“ се урнал набрзо откако навлегол во воздушниот простор на главниот град на Нигер, Ниамеј.

Леталото било сопственост на шпанската компанија „Свифтер“, но било земено под наем од страна на алжирската компанија „Ер Алжир“.

„Свифтер“ информира дека шесте члена на екипажот на авионот биле државјани на Шпанија.

ИТАР-ТАСС јави дека околу 80 од патниците во авионот биле Французи.

Алжирската државна авиокомпанија „Ер Алжир“ соопшти дека загубила контакт со авионот 50 минути по неговото полетување од Уагадугу, кога леталото се наоѓало над воздушниот простор на Мали.

Алжирскиот медиуми јавија дека од авионот претходно било побарано да го промени својот курс поради лошите временски услови и со цел да избегне евентуален судир со летало кое се движело на релацијата Алжир – Бамако. Контактот со авионот бил загубен набрзо по промената на курсот.

Во февруари годинава во североисточниот планински регион на Алжир се урна воен алжирски авион од типот Ц-130, при што загинаа 70 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top