Тимот на модната куќа „Луј Витон“ имаше голема задача при подгoтвувањето на новата книга „Луј Витон модни фотографии“ (Louis Vuitton Fashion Photography), монографија во која се селектирани 200 фотографии од различни периоди од историјата на модната марка.
Ова задолжително модно четиво ги содржи делата на Мерт&Маркус, Патрик Демаршелие, Хелмут Њутон, Стивен Мајзел, Вилијам Клајн, Марио Тестино, Ени Лејбовиц и други значајни фотографи од минатиот и од овој век. Книгата е поделена на три дела – модни написи од 1977 година до денес, рекламни кампањи и „флешбек“ наназад до 50-тите години до денес.
Книгата ќе биде достапна од 1 октомври на англиски и на француски јазик, а издавачот Rizzoli најави неколку верзии, лимитирано луксузно издание со три различни корици кое ќе се продава во избрани продавници на „Луј Витон“ и на веб- страницата на модната куќа по цена од 100 евра, додека низ светските книжарници ќе почне да се продава од 15 октомври во поевтина верзија од 75 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Старо верување: Знаете ли зошто не треба да чувате во домот фотографии на починатите?
-
Изложба на фотографии под наслов „Во моите чевли“ во „Мала станица“
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Вечерва се отвора изложбата на фотографии „Ѕидови за вас прекрасни луѓе“ на Роберт Јанкулоски