Судбината на овие луѓе не е ни малку лесна. А еве и зошто.
Директорот на клиниката за лекување ебола во Кенема на истокот на Сијера Леоне, една од најтешкопогодените области, по извршените испитувања се покажал позитивен на овој опасен вирус, соопштил портпаролот на Министерството за здравство, Јајха Тунис.
Омар Кан, доктор што работи во клиника што ја водат Лекари без граници (МСФ), примен е во болница поради вирусот ебола.
Портпаролот на Министерството за здравство соопштил и за смртта на три медицински сестри од истата клиника во Кенема во понеделникот.
Според зборовите на Тунис медицинските сестри здобиле големо искуство во спречувањето заразни болести во последните 15 години и неодамна спасиле стотина луѓе, кои биле позитивни на ебола.
Во најновите податоци на Министерството за здравство објавени вчера во таа земја се забележани 422 случаи со вирусот ебола , од кои 143 починале, а преживеале 108 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Околу 2.000 доктори заминале од Македонија
-
Специјализантите до Заев: Форсирањето за исплата на пари само за одредена група доктори е дискриминаторско!
-
Ова е вистинската причина: Зошто докторите и медицинските сестри на работа носат кломпи?