Во текот на вчерашниот ден на ул.„Борис Кидрич“ во Прилеп, 26-годишниот С.У., заедно со две дечиња на возраст од 10, односно 12 години, во во контејнер пронашле црна вреќа со непозната зрнеста и топчеста материја и празни патрони од ловна пушка. Пронајдените работи ги истуриле на куп и со чкорче од кибрит ја запалиле смесата која направила силно осветлување и експлодирала, при што ги повредила.
Тројцата биле пренесени во општата прилепска болница „Борка Талески“ каде им се констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.