По настапот на прилепскиот „Пивофест“, босанската пејачка Емина Јаховиќ е во Белград. Во еден од тамошните ресторани е сликана и фотографијата на која Емина е во друштво на нејзината сестра Сабина, која иако е како пресликана, не е нејзина сестра-близначка.
Емина е најмладата од трите деца во семејството на Јаховиќ. Нејзината постара сестра Сабина завршила детска психологија во Прага, а сега работи и живее во Белград, додека нивниот постар брат Мирсад Туркџан е првиот кошаркар од Турција кој заиграл во НБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.