Пејачката Емина Јаховиќ го прекина бракот со Мустафа Сандал, но многу брзо утеха најде во милијардерот Садетин Саран.
Два брака, врски со убавици, ќерка и огромно богатство, би можеле да стојат во биографијата на новото момче на Емина. Садетин е роден 1964 година во САД и има три помали браќа.
До дванаестата година живел во Америка, а потоа со семејството се преселил во Турција. После завршеното средно училиште, добил стипендија за универзитетот Кентаки. Работел во Министерството за култура и туризам на Република Турција и бил капитен на турскиот национален пливачки тим, со кој постигнал неколку рекорди.
Неговата компанија која постои од 1995 година работи во шест различни сектори, а ангажирани се и во странство, каде исто така има големи инвестции. Всушност, неговата телевизија С Спорт ТВ во која вложи околу 75 милиони евра денеска е многу влијателна, после само 1,5 година од основањето.
Исто така Саран е сопственик на повеќе радио станица. Во неговата биографија стои дека е успешен менаџер на Фенербахче. Во бизнисот на Саран вклучени се околу 4.500 луѓе на кои им дава плата. Важен факт е дека компанијата на Саран е една од друштвено најодговорните компании и дека многу луѓе усреќиле со хуманитарни издвојувања, поради што во Турција многу го сакаат. Неговото богатсво се вбројува меѓу 15 водечки во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алармантно ослабната: Емина во тешка депресија по разводот (ФОТО)
-
Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред пластичните операции
-
Минува низ најтешките моменти: После објавата за развод, потегот на Мустафа ги растажи сите!
-
Љубовта со дијаманти ја „негува“: Емина Јаховиќ добила подарок вреден 8 500 евра од сопругот