| четврток, 6 декември 2018 |

Бил Клинтон има афера со раскошна блондинка

bli klinton

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон имал нова љубовница, а агентите на Тајната служба ја нарекувале „Енерџајзер“, тврди Роналд Кеслер во својата нова книга „’The First Family Detail: Secret Service Agents Reveal the Hidden Lives of Presidents’, чии извадоци се објавени во Њујорк Пост.

Еден извадок содржи цитат на извор кој открил како „Енерџајзер“ нема проблем со влегувањето во домот на Клинтон во Њујорк.

– Не ја сопираат, ниту и се приближуваат, само ја пуштаат да влезе внатре, раскажувал изворот.

Љубовницата на поранешниот претседател има многу бујни и големи гради, пишува во друг дел од книгата.

– Беше топол ден, а таа имаше длабоко деколте. Кога се наведна нејзините гради за малку што не испаднаа. Изгледаше многу раскошно, но и многу ново и „наполнето“. Немаше сомневања дека се вештачки, раскажува еден од чуварите за мистеризната љубовница.

Иако информациите за наводната љубовница на Клинтон се многу скромни, Њујорк Пост пишува дека станува збор за блондинка и дека бодигардите на Бил и Хилари соработуваат за да се прикрие информацијата од сопругата на претседателот.

Кеслер тврди во книгата дека агентите и обезбедувањето на Хилари ја прикриваат љубовницата како знак на одмазда затоа што „Хилари кон нив е секогаш злобна“.

Бил додека беше претседател на САД, во 1995 година имаше афера со Моника Левинкси, тогашна приправничка во Белата Куќа, што доведе до негово извинување до јавноста преку телевизиско обраќање во 1998 година. Левински, година дена подоцна во интервју за магазинот Тајм ја оцени нивната врска како „неприкладна“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top