Македонскиот претставник Металург направи вистински фудбалски подвиг и со реми, 2-2, во Сараево го елиминира Железничар, за пласман во второто квалификациско коло во Европа Лигата.
Металурзите имаа негатива од 0-2 во реваншот, откако првиот меч заврши без голови, па фрлија се на една карта, на напад, а ризикот им се исплатеше.
За анулирање на негативата на сјкопјани им остана само половина час, а патем имаа и пех, откако во 57. минута Марко Симоновски промаши пенал. Сепак избраниците на Срѓан Захариевски одиграа храбро и во самиот финиш добија џек-пот. Ветеранот Миле Крстев постигна израмнувачки погодок во 92. минута за големо славје на Металург. Претходно Марјан Радески со гол во 62. минута намали на 1-2, а Крстев буквално беше побрз од судијата и во последните секунди реализираше за пласман во втората рунда.
Следен противник на Металург ќе биде подобриот од двомечот меѓу кипарска Омонија и Будуќност од Црна Гора. Првиот дуел заврши со победа на Оминија од 2-0 и тоа на гостински терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.