| четврток, 6 декември 2018 |

Макрадули: Ниту еден пратеник од минатиот состав немаше да ја предаде Шекеринска

Јани Макрадули, поранешниот пратеник на СДСМ на својот Фејсбук профил јавно проговори за изборот на новото раководство на партијата на листата на кандидати за пратеници да стават нови, непознати за јавноста имиња.

Макрадули јавно се спротивстави на ставот на заменик потпретседателката на партијата Радмила Шеќеринска која во интревју за Вест рекла дека на листите биле ставени луѓе почитувани и позитивно доживеани кај членството, а таа и Заев не се нашле на пратеничките листи поради постојаните критики дека претходно раководство секогаш се сместувало на листите, а не поради бегањето од одговорноста во случај на пораз.

 fb jani

Макрадули ги спротивставува ставовите на Шеќеринска со потегот на пратеничката Солза Грчева, која се врати во Собранието непочитувајќи ја партиската одлука за бојкот.

„НАЈОДГОВОРНО ТВРДАМ: Ниту еден пратеник од минатиот состав немаше да ја продаде партијата и нејзините одлуки. По ниту една цена. НИТУ ЕДЕН!!!“, напиша макрадули на својот Фејсбук профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top