| четврток, 6 декември 2018 |

Правилник за летни романси

Совршено за сингл и млади девојки кои бараат забава и освежување по некој напорно емотивен период. За да не дојде до скршени срца, ова се неколку „правила“ за летните флертови.

Летната авантура има рок на траење – од една вечер до три месеци. Пред воопшто да се впуштите во флертување, припремете се на тоа дека вашата авантура еднаш ќе заврши.

НЕ за летни авантури со пријатели или колеги – немојте да започнувате нешто со личност која треба да ја гледате секојдневно кога летото ќе заврши.

Поставете граници – објаснете му дека се што сакате е забава и бидете сигурни дека тоа е се што сака и тој. Секако, тоа и вам треба да ви биде јасно.

Не очекувајте премногу – ако претходната година сте имале незаборавна авантура со дечко од местото каде што сте летувале, не очекувајте дека тоа ќе се повтори ако повторно одите на истото место на одмор.

Заштитете се – летото е период кога голем број на луѓе имаат незаштитен сексуален однос, поради што можат да имаат несакана бременост или да се заразат со полово-пренослива болест. Не дозволувајте тоа да ви се случи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top