| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во групата 3 заедно со Исланд и Италија

Женската сенирска ракометна репрезентација на Македонија денеска во Виена на ждрепката за квалификациите за светското првенство во Данска 2015 година ги доби своите противници.
Македонските репрезентативки се најдоа во групата 3 заедно со репрезентациите на Исланд и Италија. Квалификациите започнуваат на 8/9 септември и ќе се играат по принципот дома/гости. Само првопласираната репрезентација ќе обезебеди место во баражот по кој ако Македонија излезе како победник ќе патува на СП во Данска.
Избраничките на селекторот Магдинчев во минатитте квалификации иако не успеаја да се пласираат за ЕП оваа година, иако подмладени покажаа дека имаат квалитет за да се пласираат на светскиот собир.
До почетокот на квалификации има нешто повеќе од еден месец и во следниот период се очекува крене нивото на играта и подготвени да ги дочекаат првите натпревари.

ГРУПА 1: Словенија, Белорусија, Швајцарија, Грција.
ГРУПА 2: Турција, Aвстрија, Португалија, Израел.
ГРУПА 3: Исланд, Македонија, Италија.
ГРУПА 4: Чешка, Украина, Азербејџан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top