Повеќето жени во текот на поголемиот дел од својот живот се обидуваат да бидат на диета за слабеење или за одржување на витата линија. И сите тие знаат дека вистинскиот избор на храна и практикувањето физичка активност гарантираат успех.

Комбинацијата од вистински избор на храна и практикување физичка активност гарантира слабеење. Но, постојат и некои брзи мали трикови кои на долгорочен план ќе ви дадат големи резултати. За само 1 минута можете да направите многу за вашата линија.
- Користете ленено семе. Наутро во вашите житарки додадете една лажица ленено семе или пак додајте го во вашата омилена салата. Растителните влакна кои ги содржи лененото семе ќе ви помогнат да се чувствувате посити и ќе внесете помалку калории во текот на денот.
- Разредете го сокот. Наместо цела чаша џус, наполнете половина и дополнете ја со газирана вода. Така со секоја чаша ќе внесувате до 80 калории помалку. Тоа значи дека на годишно ниво ќе ослабите 2,5 килограми.
- Прочитајте ја внимателно етикетата. На етикетата на многу производи пишува колку калории има во 100 грама продукт, т.е. калориите не се пресметани според големината на пакувањето. Во пакувањето може да има 250 г од дадениот производ, а калориите да се дадени само за 100 г. На прв поглед може да се излажете за бројот на калории. Затоа, читајте внимателно.
- Напијте се зелен чај пред физичка активност. Едно од најдобрите нешта што можете да ги направите пред да тргнете на прошетка или на трчање е да се напиете зелен чај. Тој ќе ви помогне да го зголемите бројот на согорени калории.
- Заменете го путерот со маслиново масло. Наместо врз вашето парче леб да ставите путер, ставете малку маслиново масло. Така ќе внесувате околу 50 калории помалку.
- Издробете ги зеленчуците за салата на покрупни парчиња. Кога си правите салата, наместо да ги исечете краставицата и другите зеленчуци на тенки мали парчиња, пресечете ги на крупни парчиња. Така ќе ви треба повеќе време за да ги изџвакате, а плус така ќе внесете помалку од главното јадење.
- Запишувајте колку јадете. Ако си водите евиденција колку калории внесувате, повеќе ќе се контролирате во јадењето. Не мора вашите забелешки да се совршени и да ја запишувате секоја калорија, важно е само да запишувате.
- Купувајте храна во мало пакување. Ако видите дека вашите омилени смоки се на промоција и за истите пари добивате поголемо пакување, прескокнете ја промоцијата. Луѓето што купуваат големи пакувања, консумираат дури 45% повеќе калории.
- Пред да го отворите чоколадото, повежбајте. Ако никако не можете да престанете да мислите на вкусното чоколадо што стои во кујната, направете неколку склекови или клекнувања. Доволно е да направите една серија од 12 клекнувања за да ви се намали желбата за јадење. Плус, така ќе го потсетите мозокот на вашите цели за слабеење.
- Замрзнато грозје како брз десерт. Земете еден грозд и скинете ги од него сите зрна. Ставете ги врз кујнска хартија и потоа во комората за длабоко замрзнување. Откако ќе се замрзнат, преместете ги во пластична кутија. Секогаш кога ќе добиете желба да каснете нешто слатко, земете неколку зрна замрзнато грозје.
А бидејќи во просек сте будни повеќе од 950 минути дневно, сигурно ќе најдете време да воведете во практика барем неколку трика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


