По вчерашната ждрепка за групите за светското ракометно првенство во Катар 2015 година во која Македонија беше извлечена во групата Б заедно со репрезентациите на Хрватска, БиХ, Австрија, Иран и Тунис може да се каже дека истата ни беше наклонета.
Репрезентативецот на Македонија и капитен на Вардар Филип Лазаров, изјави дека е задоволен од ждрепката за групната фаза на Светското првенство, но потенцира дека ова е група без атусајдер.
– Во секој случај ова е една интересна група, која ќе ни овозможи да го покажеме целиот наш потенцијал. Ова е група која нема изразит аутсајдер, но нема ни фаворит, така што сметам дека секој против секого може да се надева на бодови. Мислам дека треба да бидеме задоволни од групата. Ако бидеме во добра форма, веројатно ќе ни се отвори шанса за добар резултат, која што треба да ја искористиме – изјави Филип Лазаров, ракометарот на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.