Овој викенд, на 27 јули, во Крушево ќе се случува промотивниот ден „Откриј го Крушево”, настан чии содржини ќе бидат одлична можност за сите домашни и странски гости да ја доживеат богатата туристичка понуда на градот.
На промотивниот ден, за забавата во градот ќе се погрижат музичките групи „Суперхикс“ и „Љубојна“, а за сите свои посетители Крушево ќе понуди богата туристичка програма испонета со гурмански специјалитети и традиционална храна. Денот ќе биде зачинет со адреналинска авантура и летање со параглајдер, фолкорна програма, возење и пешачење по обележани планински патеки и уште многу други културни содржини.

За време на настанот, за првпат досега, организирана ќе биде богата наградна игра во која најсреќните гости на денот ќе можат да освојат летања со параглајдер, викенди или вечери за двајца во неповторливиот амбиент на градот. Тикетите за учество во наградната игра можат да се купат преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“.
Сите детали за програма на промотивниот ден можат да се најдат на веб страната на „Пелагонија регион“ или нa официјалната страна на настанот на „Фејсбук“ – „Откриј го Крушево”.
Настанот е во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ и Општина Крушево, а неговата цел е да се промовира комплетната туристичка понуда на градот Крушево и да се претстават сите негови туристички потенцијали пред домашните и странските туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


