Денеска во Доха, Катар, се одржа ждрепката за светското ракометно првенство 2015 година што се игра токму во Катар.
Македонската ракометна репрезентација имаше среќа во ждрепката и доби релативно лесни противници.
Носител во нашата група е Хрватска, а другите четири репрезентации се БиХ, Тунис, Иран и Австрија.
Ако Македонија ја помине оваа група треба да вкрсти со противници од групата А, каде и таму освен носителот Шпанија другите репрезентации ни се по мерка.
Таканаречената група на смрта е групата Ц каде како носител вице европскиот шампион Данска ги доби за противници сериозните репрезентации на Полска, Русија и Германија која пак не избори пласман на светското првенство, но светската ракометна федерација и даде шанса исфрлувајќи ја Австралија.
ГРУПА А: Шпанија, Словенија, Катар, Белорусија, Бразил, Чиле.
ГРУПА Б: Хрватска, БиХ, Македонија, Австрија, Тунис, Иран.
ГРУПА Ц: Франција, Шведска, Алжир, Чешка, Египет, Обединети Арапски Емирати.
ГРУПА Д: Данска, Полска, Русија, Аргентина, Бахреин, Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.