| четврток, 6 декември 2018 |

Вокер: Нема проширување на НАТО

kurt volkerКурт Волкер, поранешниот американски амбасадор во НАТО, вели дека не очекува и би бил многу изненаден доколку на следниот самит на НАТО дојде до проширување на Алијансата. Околу проширувањето на Алијансата има размислувања дека е можен самит уште овој јуни, само една година по последниот во Чикаго, а американската државна секретарка Клинтон најави проширување на следниот самит.

-Ќе бидам многу изненаден ако имаме уште една тура на проширување на следниот самит на НАТО. Не верувам дека западна Европа сега размислува за проширување. Во моментот тие се растргнати околу финансиската криза, кризата со еврото, и проблемот со невработеноста во Европа, проблеми за кои, барем пред јавноста, до одредено ниво ги обвинуваат новите земји членки на Европската Унија, а тоа мислење се пренесува и на НАТО. Мислам дека причината што Хилари Клинтон го спомна проширувањето е што од своето животно искуство знаеше дека САД не сторија доволно во изминатите четири години за проширувањето на НАТО и сакаше да испрати порака, иако веќе нема да биде државен секретар, смета Волкер.

Поранешниот амбасадор, кој зад себе има работа на организирање на три самити на НАТО, оценува дека Босна не е подготвена за членство, Македонија е блокирана од Грција, а Црна Гора има мала шанса да добие покана, но не гледа можност да се отвора процесот на проширување само за една толку мала држава.

-Едноставно, не гледам подготвеност за ова, смета Волкер, кој додава дека можеме да очекуваме и заострување на критериумите за членство во НАТО.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top