| четврток, 6 декември 2018 |

Совршено топол ден за на плажа

Оние на кои обврските и можностите им го дозволуваат тоа, овој последен ден од неделава најдобро би можеле да го искористат на некое од многуте туристички места низ земјава.

Според специјализираниот сајт за метеорологија „Метеопро“, утре во Охридско-Преспанскиот регион се очекува сончево време .Денот ќе биде за нијанса потопол, а максималната дневна температура ќе достигне околу 29 степени. Дојран, пак, го очекува топол и претежно сончев ден со максимална температура околу 34 степени.

Времето низ целата земја ќе биде претежно сончево со умерено наоблачување во попладневните часови. Температурата ќе достигне до 35 степен.

Во Скопје ќе дува слаб ветер, а максималната температура се очекува да биде 32 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top